Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Две малолетни деца се меѓу тројцата Македонци кои загинаа во Словенија, велат од МНР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Меѓу тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија има две малолетни лица, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

До македонската Амбасада во Љубљана било доставено официјално известување од словенечката полиција за несреќата што се случила на 27 август на автопатот А1, во близина на Унец.

— реклама —

„Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија“, информираат од МНР.

Во возилото имало уште две лица, исто така македонски државјани, кои се повредени.

— реклама —

Претходно словенечките медиуми, повикувајќи се на полициски информации, објавија дека во несреќата учествувале патнички автомобил и камион кој поради дефект бил запрен покрај автопатот. Автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.

— реклама —

Во патничкото возило имало петмина македонски државјани. Тројца починале на местото, а двајцата повредени биле пренесени на медицински третман.

Од МНР велат дека случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката“, соопшти Министерството.

Причините и целосните околности за тешката несреќа ги утврдуваат словенечките надлежни органи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања