Промени тема
Контакт

Две обвинителства ќе талкаат по причините за автобуската трагедија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonski-avtobus-bugarija2

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде се сретнаа со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

На средбата, Јовески истакна дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги става на располагање сите капацитети на колегите од Бугарија со цел што поскоро утврдување на причините за трагичниот настан во кој според првичните информации 46 лица го загубија животот, а уште 7 се повредени.

— реклама —
— реклама —

„Долги години имаме професионална соработка со бугарското Обвинителство и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето“, кажа Јовески

— реклама —

Утрово Јовески доби порака со сочувство за трагичниот настан од Главниот јавен обвинител на Република Бугарија Иван Гешев. „Јавното обвинителство на Република Бугарија ќе ги вложи сите напори за расчистување на настанот и утврдување на причините кои ја предизвикаа тешката сообраќајна несреќа“, увери Гешев во пораката.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања