„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Две претпоставки како причина за трагедијата на македонскиот автобус во Лесковац

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
eurobus

Локалните медиуми од Лесковац наведуваат дека за причините за несреќата на македонскиот автобус кој се истумба засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него. Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.

— реклама —

Инаку во капелата на Општата болница во Лесковац се телата на трите загинати лица во несреќата. Српските медиуми јавуваат дека обдукцијата завршила во текот на вчерашниот ден. Во страшната несреќа животот го загубија две жени и еден маж, додека 32 лица се повредени.

Во болницата во Лесковац е хоспитализиран и возачот на автобусот. Тој и натаму е на одделението за интензивна нега со повреди на потколеницата и левото рамо.

— реклама —

Во меѓувреме, како што пишуваат српските медиуми, 14 повредени лица вчера биле пуштени од болница. Десет од нив биле преземени од тим лекари со возила на Итна медицинска помош од Македонија, испратени од Министерството за здравство, додека по четири лица дошле нивните семејства. Се очекува во следните седум дена и останатите повредени да бидат пуштени на домашно лекување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања