Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Двете пораки од Димитров: Се креира Влада за да го реши спорот со Бугарија, Ковачевски е најподобен премиер за ДУИ за таа цел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-01-12-at-13.15.44

Отворената шлаканица која Никола Димитров ја залепи врз ДУИ, во јавноста се повеќе се толкува како предупредување дека новата Влада се креира со единствена цел по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија. Меѓу другото, Димитров удри и врз мандатарот Димитар Ковачевски, особено порачувајќи му да не го чепка македонскиот јазик и идентитет. Ова се двете главни пораки кои пред заминувањето од државната функција ги испрати до македонската јавност.

Споменувајќи го Ковачевски за избран мандатар, наместо него кој имал поддршка од високи странски претставници, Димитров испрати и порака со која посочува дека лидерот на СДСМ е единствената прифатлива варијанта за ДУИ за премиер, со цел брзо решавање на отворените прашања со Бугарија. А тиеа пак, најбрзо се решаваат со прифаќање на сите нивни барања, за што Димитров посочи дека е најлошата варијанта, бидејќи Македонија ќе се откаже од сѐ што поседува. Ако се чита меѓу редови во делот каде Димитров вели дека Ковачевски не се разбира од надворешна политика, може да се дојде до истата порака.

За неговиот наследник на функцијата, Бојан Маричиќ не искоментира ништо, што е логично ако се има во предвид дека тие имаат пријателски релации. Владо Бучковски, пак, го опиша како личност која во последните месеци, кога се одвиваа клучните преговори, не се прашувал за ништо. Од сето ова, се доаѓа до заклучок дека единствен кој ќе одлучува за македонските национални прашања е Бујар Османи, за кого Димитров рече дека сака успех по секоја цена, па дури и македонскиот јазик и идентитет.

Реакции

https://twitter.com/ilijadimovski/status/1481237849680891904

— реклама —

https://twitter.com/6matakhPetaQ/status/1481236637518553090

https://twitter.com/Enkriptirana/status/1481235205415387136

— реклама —

https://twitter.com/penkaltron_gala/status/1481235147173343233

https://twitter.com/marsedonec/status/1481233247636004872

https://twitter.com/philltr3nj3ro0/status/1481231298232524803

— реклама —

https://twitter.com/IVelichkovski/status/1481223849626812418

https://twitter.com/IVelichkovski/status/1481223849626812418

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања