„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Двојно повисока цена за паркирањето во центарот на Скопје кога е многу загадено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
parking_3

Ќе се зголеми цената на паркирањето во центарот на главниот град кога е многу загадено. Ова е со цел да се стимулираат граѓаните да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот, информираат градските власти.

— реклама —

За цената за паркинг ќе се одлучува на следната седница Советот на Град Скопје.

– Со оваа измена, градоначалникот на Град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот, информираат градските власти.

— реклама —

Минатата година Градот прогласи вонредни денови само два пати.

Од Град Скопје додаваат дека статистичките бројки покажуваат оти има напредок во однос на намалување на загаденоста на воздухот година по сите преземени мерки изминативе месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања