ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(DW) Бундестаг: случајот Груевски „смрди до небо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Случајот Груевски станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија, се реагира од Бундестагот на бегството на експремиерот. Се вели и дека Орбан го поставил личното пријателство над правосилна одлука, пишува ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.

— реклама —

Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат пратениците во Бундестагот. На барање на ДВ да ја коментираат ситуацијата околу Груевски и неговиот азил во Унгарија, тие се прилично јасни во своите оценки и очекувања.

— реклама —
Thorsten Frei MdB CDU (DW/Anila Shuka)Торстен Фрај, ЦДУ-ЦСУ

Торстен Фрај, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), која е дел од семејството на Европски народни партии како и партијата на Орбан, Фидес, непосредно пред да биде одобрен азилот за Груевски, за ДВ оцени дека од Унгарија очекува примена на еднакви критериуми за азил:

„Се разбира, многу е тешко од германска перспектива да се проценуваат постапките околу можниот азил кој Никоја Груевски го побара во Унгарија. Шпекулациите околу тоа и во Македонија се многу разнолики. Меѓутоа, во најмала рака очекувам ваква една постапка во Унгарија да се одвива според јасни принципи на владење на правото и да се применат еднакви мерки и критериуми, кои се вообичаени при постапката за азил таму“, оцени Фрај.

Josip Juratovic (DW)Јосип Јуратовиќ, СПД

Неговиот колега од Комисијата за надворешна политика, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:

„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. 'Системот Груевски' се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања - како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“

Bonn Global Media Forum GMF 01 | Opening Ceremony Alexander Graf Lambsdorff (DW/K. Danetzki)Александер Граф Ламбсдорф, ФДП

Заменикот шеф на пратеничката група на Либералите во германскиот парламент, Александер Граф Ламбсдорф, во чија надлежност се прашања од надворешната и безбедносната политика, за ДВ оцени дека „Виктор Орбан, со својата одлука да му даде азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, го постави личното пријателство со поранешниот премиер над правосилната одлука“:

„Зашто, Груевски во Македонија беше осуден на две години затвор поради корупција. Истовремено во тек се други постапки поради изборни манипулации и илегално прислушување на македонските граѓани од страна на тајните служби на земјата. Никола Груевски, наместо да бара засолниште во Унгарија, треба да се соочи со овие обвинувања во законска постапка во Македонија. Однесувањето на Виктор Орбан е натамошна индиција за тоа дека унгарскиот премиер е наклонет кон низок степен на почитување на правната држава и кон толкување на правото на азил според сопствен маштап.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања