Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

DW: За бугарски пасош Македонците плаќале по 1.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bugarski-pasosi

— реклама —

Со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници кои помагале во собирање документи и адреси за регистрација. Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косовците и до 5.000 евра, тврди сведок за БТВ.

— реклама —

Македонците биле ценовно „привилегирани“ во процесот за добивање бугарски паош. Ова произлегува од сведочењето за националната бугарска телевизија БТВ на лице кое „одблиску било запознаено“ со корупциска шема во Агенцијата за Бугарите во странство - скандал кој деновиве ја тресе Бугарија и предизвика апсење на директорот на Агенцијата.

„Најлесно се станува Бугарин ако си отвориш фирма и назначиш 10 вработени. Врз основа на оваа трговска дејност, се добива статус на постојан престој. Вториот начин е кога странски државјанин од земја надвор од ЕУ, поседува фирма и си вади сертификат за отворање трговско претставништво во Бугарија. Третата варијанта, која најчесто користи во последниве години, е да се издејствува статус за постојан престој врз основа на документ за бугарско потекло“, објаснува сведокот.

Според него, со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници и токму тие помагале во собирањето на потребните документи и адреси за регистрација.

„За добивање сертификат за бугарско потекло на лице од Македонија тарифата е 1.000 евра, а за лица од Косово помеѓу 3.000 и 5.000 евра“, тврди сведокот за Дојче Веле.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања