Промени тема
Контакт

Џафери испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот европратеник Едуард Кукан.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dzaferi-1

Претседателот на собранието, Талат Џафери испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот европратеник Едуард Кукан.

Телеграмата ви ја пренесуваме во целост

Почитуван г. генерален секретар,

— реклама —

Со неверување и длабока жалост ја примив веста за смртта на почитуваниот поранешен европратеник Едуард Кукан. Во оваа прилика, во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во свое лично име упатувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите во Европскиот парламент и најблиските соработници на Универзитетот Комениус во Братислава.

Би сакал да изразам особена благодарност за неговиот значаен придонес, заедно со останатите колеги од Европскиот парламент, во рамките на Дијалогот Жан Моне за унапредувањето на политичкиот дијалог во Собранието на Република Северна Македонија, особено во контекст на евроинтеграцискиот процес. Неговото визионерство за обединувањето на Европа со интеграција на земјите од Западен Балкан

— реклама —

ќе остане завет за актуелните и идните генерации.

— реклама —

Со особена почит,

Талат Џафери

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања