Со 20 незавршени пленарни седници, заврши уште една работна година на Собранието. 111 закони се донесени по брза постапка, а 79 по скратена постапка. Само 21 закон се поднесени од пратениците, а остантите ги поднела Владата. Треба да се разгледаат и 56 точки кои се заглавени по собраниските комисии и да се дискутира за нив на пленарна седница.
„Не велам дека ова е максималното кое можевме да го направиме, секогаш можеме повеќе. Нашите деловнички и уставни обврски ќе бидат рамката по која ќе се движиме и натаму“, посочи собранискиот спикер, Талат Џафери.
Тој ја честиташе и Новата 2021 година. Џафери посочи дека Собранието работело во вонредни услови поради коронавирусот, пратениците кои биле заболени и отсуствувале, но и поради изборите.