„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Џафери ќе потроши 2,5 милиони денари за чистење на Собранието, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

На повидок е уште едно недомаќинско и расипничко трошење на народни пари. Хемиско чистење, перење, пеглање, претапацирање – Талат Џафери го „светнува“ Собранието, вели Левица.

— реклама —

„Согласно договорите во 2023 година наменети се преку 2.442.600,00 денари народни пари за:

– хемиско чистење и перење на персиски килими, машински килими, теписони, фотелји, полуфотелји, двоседи и троседи, завеси и драпери, знамиња;

— реклама —

– чистење на две мали и една голема стаклена купола и поставување на знамиња;

– претапацирање на мебел со материјали по потекло од Италија и Турција.

Ако се спореди со претходните години (2020, 2021 и 2022 година) кога за иста услуга биле во просек наменети околу 500.000 денари на годишно ниво, тогаш очигледно е дека договорот склучен во 2023 година тежи повеќе од сите три претходни договори заедно. Се поставува прашањето зошто постои толку голема разлика во цената на услугите во 2023 година во однос на претходните години?

Дали јавните набавки се планираат согласно потребите и можностите или пак се манипулира со износите по желба на поединци?

Антикризните мерки, кои беа усвоени минатата година, главен акцент ставаат на намалување на помалку приоритетните расходи. Напротив, непродуктивните трошоци и луксузирање со народни пари наместо да биде намалено, тоа бележи рекорден пораст, особено во последната година.

Додека граѓаните се принудени сами да се снаоѓаат за да можат да ја преживеат економската криза, а законодавниот дом со леснотија ги троши парите на граѓаните. Сведоци сме како Владата на СДС и ДУИ калкулира со набавка на лекови за животно загрозени пациенти, под изговор дека нема средства, додека се трошат милионски суми за претапацирање мебел“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања