Џафери нѐ држеше како заложници, тоа е кривично дело за кое се оди во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Bojan_Stojanoski_30.10.2020

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски посочи дека собранискиот спикер Талат Џафери го држел него и неговите колеги како заложници во собраниската сала, заклучувајќи ги вратите. Тој смета дека ова дејствие на Џафери е казниво и дека е кривично дело.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува.

— реклама —

Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери“, посочи Стојаноски.

— реклама —

Тој е дециден дека одговорност ќе има.

„Секој кој мисли дека заради припадноста на една политичка партија од која никој досега не одговарал за ништо, а ја испокрадоа цела држава ќе се спаси - се лаже. Останува во наредниот период да бидеме сведоци на релативизирањето од страна на СДСМ и Ковачевски, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“. Апелираме до сите граѓани, медиуми и претставници на меѓународната заедница одблиску да ги следат овие случувања, бидејќи во Собранието на Република Македонија не владее нормална и работна атмосфера. Затоа изборите се единствено решение“, додава Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања