Џафери: Оставките се поднесуваат до премиерот, а не до Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување, објави Сител.

— реклама —

Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.

– Прво и основно, членот на кој се повикува во Деловникот, тој член 184 не е основ за поднесување предлог за разрешување избрано и именувано лице од страна на Собранието. Член 184 се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување. Што се однесува до оставката на избрано, именувано лице, особено на член на Владата, тој оставката ја поднесува до мандатарот, до премиерот зашто надлежноста на Владата, како предлог на Влада е на премиерот, односно мандатарот и до него се поднесуваат оставките. Доколку ги прифати оставките ги доставува Собранието за понатамошна постапка. Го известува Собранието дека НН лице, член на Влада поднел оставка и таа оставка се доставува до Собранието, а на прва наредна седница се констатира престанок на функцијата на дотичното лице.

— реклама —

Во однос на ултиматумот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе предлог-одлука за разрешување доколку Филипче самиот не ја достави оставката до Собранието, Џафери вели дека пратениците може да достават самоиницијатива за интерпелација. Според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.

– Јас не можам да ја процесирам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот, рече Џафери за Сител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања