Промени тема
Контакт

Џафери: Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dzaferi-talad

На пресс конференција претседателот на македонското собрание Талат Џафери информираше за последните активности на Собранието. Тој појасна зошто во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања ги потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.

Џафери нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и токму поради тоа тој смета дека прекршил нешто.

— реклама —

„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна", изјави Џафери.

— реклама —

„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска", рече Џафери.

— реклама —

Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања