Собранискиот спикер Талат Џафери кажа дека ќе го одбие и новото барање поднесено од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за пратенични прашања. Според него, нема да има седница бидејќи нема ниту Влада. Тој посочи дека со поднесеното барање, пратениците прават само ПР.
„Барањето е безпредметно и ќе биде вратено со истото образложение. Владата е во оставка, мандатот на владините претставници е престанат. Владата има обврска да присуствува на седницата заедно со премиерот, ама кој премиер ќе биде кога е во оставка? Го разбирам барањето, дека е поради ПР, но ќе биде соодветно одговорено“, посочи Џафери.