Промени тема
Контакт

Џафери со честитка по повод празникот Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

Честитка од претседателот Џафери по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Почитувани граѓани, припадници на православната вероисповед,

— реклама —

Дозволете од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате и поминете во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина.

— реклама —

Ова се времиња на предизвици од најразлична природа, економска, здравствена, политичка. Како луѓе, како граѓани, како активни чинители во општеството, сите ние имаме одговорност да го дадеме најдоброто од себе, да го вложиме максимумот денес,затоа што тоа ќе биде од значајна полза утре, и за нас, меѓутоа најважно од сè, за нашите млади кои се иднината на земјата и идните граѓани на светот. Да веруваме и да се надеваме дека секоја препрека, секоја тешкотија, ќе ја надминеме брзо и со леснотија, исто како што тече и водата која е симбол на овој празник. Нека чистите намери, солидарноста, човечноста, взаемната почит и разбирањето бидат темелот врз кој ќе градиме еднакво, правично, напредно и пред сè, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата.

— реклама —

Нека е честит празникот Водици и за многу години!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања