„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери во телеграмата за ​за смртта на Амди Бајрам: Беше достоен претставник на својата етничка заедница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

Телеграма за сочувство од претседателот на Собранието, Талат Џафери, ​за смртта на Амди Бајрам.  Во телеграмата се вели:

— реклама —

-Со големо жалење ја примив тажната вест дека мојот долгогодишен и драг колега Амди Бајрам го напуштил овој свет. Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа голема загуба. Господинот Амди Бајрам како долгогодишен пратеник и претставник на ромската заедница во Република Северна Македонија учествуваше во носењето на голем број значајни и стратешки одлуки за земјата. Тој беше достоен претставник на својата етничка заедница и направи голем број на работи за нивното општествено напредување. Со својата реторика и позитивен дух се истакнуваше од сите колеги пратеници и ќе остане секогаш запаметен.

Моето сочувство оди и до семејството на нашиот поранешен колега Амди Бајрам сигурен дека тагата за вашата голема загуба е неизмерна.

— реклама —

Дозволете уште еднаш да Ви го искажам своето сочувство, нека почива во мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања