Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се прости од Тодор Пендаров, новинар и политички аналитичар.
„Вечерва ме погоди длабоко веста за ненадејното и засекогаш заминување во вечноста на нашиот драг и долгогодишен соработник, почитуван новинар, политички аналитичар, и над сѐ, наш стар и омилен пријател, Тодор Пендаров. Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство од долгиот и мултидимензионален стручен развој, беше вистински придонес во функционалноста на законодавниот дом, меѓутоа претставуваше и скапоценост за демократскиот развој на нашата земја. Упатувам искрено сочувство до семејството, познаниците, пријателите и соработниците, сите што бевме дел од неговиот живот, убеден дека неговиот насмеан лик и дело ќе останат вечно во нашите спомени. Нека почива во мир!“, стои во телеграмата на Џафери.