„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери: Законите по брза за добро на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

За носењето закони по скратена постапка, кои беа дел од реформскиот процес, избравме поарно да биде оценката послаба по однос на Собранието, одошто државата да има последици по однос на членството во НАТО и преговорите со ЕУ, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за РСЕ.

— реклама —

Спикерот Талат Џафери во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека според Уставот, Собранието работи само во собраниската зграда. Овој став е во спротивност со препораката на Владата и Собранието да работи онлајн, на што се спротивстави опозицијата. Во меѓувреме треба да се донесат неколку значајни законски измени, а на владеачкото мнозинство му се потребни сите пратеници.

-Сега се најдовме среде пандемија. Што вели народот, не дал господ пожар, каде ќе работи собранието? Со Уставот е тесно дефинирано дека собранието работи во собраниската зграда, во таа и таа сала, и што сега ќе останеме заробеници на тоа? Скопје и скопската котлина е трусно подрачје, гледано сеизмолошки. Во случај на земјотрес и поголемо оштетување на објектот, каде ќе се одржуваат седници? Не е дефинирано. Затоа сега кога се најдовме во оваа ситуација е неопходно да размислиме да имаме резервни правила како и на кој начин би ја извршиле нашата функција и во такви услови, а не тоа да биде замена за редовната работа. Но во секој случај пратениците, субјектите, политичките партии имаат за право да имаат пристап онаков каков што пристапиле кон оваа идеја. Јас опстојувам на фактот дека ако не сега, во идно време ќе мора да имаме алтернативни решенија за алтернативна работа во алтернативни услови. За нормални услови кој нормален човек би побарал да си работи од дома? Но ситуацијата наметнува да размислуваме и за тоа.

— реклама —

Интервјуто со Талат Џафери во целост на: РСЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања