Новиот бугарски премиер Кирил Петков очигледно е испратен за да направаи компромис во спорот со Македонија и да се повлече, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во разговор за македонскиот портал Локално.
– Петков се обидуваше да ги замачка очите со разни ПР средби, беа потпишани фиктивни меморандуми кои веќе се потпишани меѓу двете земји, а резултатот е никаков, дури и негативен. Наместо напредок, македонскиот претседател Стево Пендаровски го прекрши Договорот за соседство со средбата со сепаратистичкото ОМО Илинден. Ова е доволна оценка за таканаречениот „нов пристап“ на Кирил Петков – оценува Џамбаски.