Игор Џамбазов, актер, шоумен и долгогодишен естраден уметник, познат по тоа што ретко премолчува навреди на своја сметка, повторно возврати јавно на злобен коментар – овојпат сериозен, со отворена закана за тужба.
На својот Инстаграм профил, Џамбазов се обрати до личност која му посакала смрт во коментар, предупредувајќи го дека делото што го сторил не е наивно и дека може да има правни последици.
– Што човек си ти штом им посакуваш смрт на луѓето, и тоа вака јавно? – пишува Џамбазов, нарекувајќи го лицето по прекарот „Цане“, за кого тврди дека направил говор на омраза, дело што, како што наведува, е казниво по закон.