На декемврискиот самит на НАТО во Лондон очекувам Македонија да стане полноправна членка на Алијасата, и со тоа ќе оствари една од двете стратешки определби истакна претседателот на Собранието Џафери. Се надева дека реформите ќе резултираат и со почеток на преговорите за интеграција во ЕУ.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање на Специјалниот семинар за Република Северна Македонија на тема „Следните чекори кон НАТО“, кој се одржува во Собранието, предупреди дека не треба да се гледа само на придобивките, туку и на обврските, кои мора да се исполнуваат.
-Со тоа една од нашите две стратешки определби, односно членството во НАТО и ЕУ е остварена, а јас се надевам дека годинава ќе ги започнеме и преговорите за интеграција во ЕУ. Нема да зборувам за бенефитите што како држава и како општество ќе ги имаме со нашето членство во НАТО, бидејќи за тоа е зборувано многу. Сакам да истакнам дека, со нашето членство во НАТО, не завршуваат нашите „домашни задачи“. Напротив, полноправното членство во НАТО налага исто така многу работа, дома, во регионот, а и во структурите на НАТО алијансата -рече Џафери
Џафери додаде дека 13 од 29те земји членки веќе направија ратификација на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО, а ваквата процедура е во тек и во Сенатот на САД и Францускиот парламент.