Промени тема
Контакт

Џеј Ло во истите фармерки од 2001 година: Фановите воодушевени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
18

Џенифер Лопез предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако покажа како денес ѝ стои легендарното парче облека од „Версаче“ што го носеше во 2001 година.

Латино-дивата привлече огромно внимание кога откри дека и понатаму може да ги носи истите фармерки од спотот за песната Ain't It Funny од 2001 година.

— реклама —

Станува збор за уникатен модел на Versace, кој и денес привлекува внимание кај љубителите на модата.

Фармерките се со низок струк, имаат врвки наместо патент и детали на страните, а многумина коментираа дека Џенифер Лопез денес изгледа уште позатегнато отколку во периодот кога беше снимен спотот.

— реклама —
— реклама —

Во оригиналниот видеоспот пејачката носеше црна маица со прерамки, додека сега комбинацијата ја надополни со бел ролка-топ, нагласувајќи ја својата фит фигура.

Нејзиниот изглед повторно отвори бројни коментари за дисциплината и редовните тренинзи по кои е позната. Џенифер Лопез со години важи за една од најпосветените ѕвезди кога станува збор за физичката подготвеност и здравиот начин на живот.

Песната „Ain’t It Funny“ останува еден од најголемите хитови во нејзината кариера, а стајлингот од спотот и денес се смета за препознатлив моден момент од почетокот на 2000-тите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo6eec4q2emfr8kLp1oK

Џенифер Лопез во спортско издание ги воодушеви обожавателите: „57 години? Нема шанси!“

Сцена | пред 1 ден

— реклама —
lo

(Фото) Џенифер Лопез блесна во црн костим на ревијата на „Долче и Габана“ во Милано

Сцена | пред 1 седмица

lo

(Видео) Џенифер Лопез се повреди среде концертот, но продолжи да пее

Сцена | пред 3 седмици

lo

(Фото) Вака изгледа „работниот ден“ на Џеј Ло: Во када со лаптоп и поглед што остава без здив

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања