Џејла Рамовиќ и бендот казнети со по 100 евра поради настапот без работни дозволи во Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe
Инстаграм

Основниот суд во Кичево изрече парични казни од по 100 евра за босанската пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот придружен бенд, по прекршочната пријава што ја достави СВР Охрид.

— реклама —

Интервенцијата се случила во вечерните часови на 29 ноември, кога полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со пазарниот и трудовиот инспекторат, спровеле засилена контрола во угостителските објекти во градот. Настапот на Рамовиќ бил прекинат пред самото финале, а таа и четворицата музичари биле приведени бидејќи работеле без потребните дозволи.

— реклама —

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го објасни случајот:

— реклама —

„На 29/30.11.2025… при контрола на угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид, затекнати се Џ. Р. (23) како пејачка и К. Џ. (27), Е. П. (25), Ф. Ј. (28) и И. К. (24) како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево“, изјави Димоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Џејла Рамовиќ по приведувањето во Кичево: „Настапот беше прекинат по вина на организаторот“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ е меѓу приведените во акцијата во Кичево

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања