Бурни реакции во јавноста по настапот на Џибони во еден во загрепки ресторан каде пејачот ја забавувал публиката па се качил на маса и газел по храна.
„Слушајте… негативните реакции се сосема оправдани. Да не бев таму и да видев на фотографиите дека некој го прави тоа, ќе реагирав како и сите други“, рекол пејачот а хрватскиот „24сата“ , по инцидентот на забавата во понеделникот вечерта.
Пејачот се качувал на масата со колачи и разни јадења и ордевери додека ја забавуваше публиката, па притоа случајно газел по храната.
Како што вели, не присуствувал на гала вечерата, туку чекал во бекстејџот да го повикаат на сцената.
„Таа вечера одамна заврши, кога се качив на масата не видов никаква торта. Никогаш не ми беше намерата да газам по тортата или по пршутата. Изгледа грдо и разбирливи ми се реакциите. Сè што пишуваат луѓето е оправдано. Можам само да кажам дека се извинувам и дека во ниту еден момент не ми беше намерата да газам по храната“, рекол Џибони.
Неговото однесување згрози различни критичари и корисници на социјалните мрежи, а Џибони вели дека пред него било мрак.
„Пред мене беше темно. Носам очила за сонце, кои ми прават проблем на концертите. Дури кога сфатив дека нешто ми се лизга, видов дека сум згазнал на торта. Никогаш не ми се случило вакво нешто, и тоа не го велам за да се оправдам. Не е убаво и нема што повеќе да се додаде. Тоа не ми беше намерата, но така се случи – се правдал Џибони.
/dziboni-hrana-masa-instagram" rel="attachment wp-att-154374">