Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Џиновска ајкула повторно во Јадранот: Видена кај Истра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ajkula-jadransko-more
Фото: Илустрација

Голема ајкула повторно е забележана во Истра, каде мирно пливала во близина на Пунтижела, меѓу закотвени чамци од кои се ловела риба.

Станува збор за видот Cetorhinus maximus, најголемата риба во Јадранското Море и втората најголема во светот, која неодамна била видена и кај Музил, објави порталот Истра24.

„Големата ајкула, која веќе неколкупати е забележана во околината на Пула, мирно пливаше меѓу закотвени чамци. Иако со импресивна големина, оваа врста се храни со планктон, филтрирајќи ја морската вода со широко отворена уста и не е опасна за луѓето. Доколку имате среќа да ја видите, не ја вознемирувајте“, наведуваат од Истра24.

— реклама —

Оваа ајкула неодамна била забележана и кај Црес.

— реклама —

Станува збор за втората најголема ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина поголема од 10 метри. Станува збор за миграторен вид кој е целосно безопасен за човекот.

Иако е релативно ретка, оваа ајкула постојано е присутна долж источниот брег на Јадранот. Најчесто се забележува во северниот дел, особено во Кварнерскиот Залив.

— реклама —

Експертите посочуваат дека токму овој дел од Јадранот е богат со зоопланктон – главниот извор на храна за овој вид ајкула.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zena-na-elektricen-trotinet

Трагедија во Хрватска: Дете почина три дена по пад од електричен тротинет

Балкан | пред 5 часа

media-libraryfh7q97rls9o79GOkunT

(Видео) Необична сцена кај Пула: Големи туни скокаа покрај капачите

Настани | пред 1 ден

media-libraryoqbpjdmcf3q82DOh1X9

Сообраќаен хаос во Хрватска: до 10 часа чекање на границата со Црна Гора

Балкан | пред 2 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја потресе Хрватска

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања