Џони Деп го продава автопортрет што го нацртал додека минувал низ тежок период во животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
johnny-depp-sept-2020

Автопортрет насликан од Џони Деп во 2021 година додека му се судеше за злоупотреба на неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, е понуден на продажба.

— реклама —

„Го сликав во студиото на Ралф Стедман во 2021 година. Овој автопортрет е направен во време кога бев, да речеме, малку мрачен, малку збунет. Погледнав и, не знам зошто, мислев дека ми треба нешто друго. Бев на прагот да влезам во петтата година на лудилото“, изјави Деп за Ројтерс.

— реклама —

Овој автопортрет и други дела на Деп се изложени во галерија во Лондон.

— реклама —

Менаџерот на галеријата Иан Ветерби Блит изјави дека мисли дека актерот сега е подготвен да ја сподели сликата со другите.

„Во времето кога ја сликаше, минуваше низ многу тежок период во животот. Секој поминува низ тешки периоди во животот, па мислам дека Џони сакаше тоа да го сподели со светот и да им даде на луѓето увид низ што минувал, но и да ги охрабри дека секогаш има светлина на крајот од тунелот“, вели галеристот.

Актерот вели дека правењето автопортрет не е најпријатната работа на светот, но дека сè што правите е, повеќе или помалку, автопортрет.

/1690547324-tan2023-07-2018013070_4-1024x683-1" rel="attachment wp-att-232266">

„Седев со огледало и се цртав со денови, во различни денови, под различно светло и агол“, го опиша актерот процесот на правење на сликата.

Менаџерот на галеријата открива дека Деп отсекогаш бил сликар пред да стане музичар, а музичар бил и пред да стане актер.

„Тоа е негово хоби, тој постојано се навраќа на тоа и мислам дека за време на сето она што му се случи сакаше да создаде нешто многу, многу лично“, изјави Ветерби Блит.

Покрај автопортрети, во лондонската галерија е изложена и колекцијата „Пријатели и херои“, која вклучува портрети на великаните насликани од Деп – музичарите Боб Дилан, Боб Марли, актерите Хит Леџер и Ал Пачино, актерката Елизабет Тејлор.

Сподели

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Магазин | пред 3 години

Screenshot_14

Џони Деп во врска со негова поранешна адвокатка

Магазин | пред 3 години

20042022_johnny-depp_reuters

Џони Деп донираше пари во болницата на која Херд вети дека ќе и помогне

Магазин | пред 3 години

Headline

Амбер Херд има план: Свесна е за крајот на нејзината кариера во Холивуд

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања