Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Џони Деп утре на ракија и ќебапи во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
tumblr_pnpuf8Se7e1rkd2bio4_1280

Холивудскиот актер Џони Деп утре доаѓа во Белград за да ја промовира новата анимирана серија „Пафини“. Тој ќе биде сместен во претседателски апартман во познат хотел во Белград, а потоа во Андричев венац ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Џони Деп ќе има можност пак да проба од некои од националните јадења во Србија, како ракија и вино. Тој и претходно има доаѓано во Белград, кога го снимаше филмот Минамата, а од традиционалната храна рече дека најмногу му се допаднале ќебапчињата.

— реклама —
— реклама —

По прес-конференцијата, Деп планира да направи мала турнеја низ филмското студио. Новата серија е произведена во продукција на „Архангел студио“, од актерот Милош Биковиќ, а создадена е во „Јерволино студио“.

— реклама —

Актерот лани додека беше во Монте Карло изјави дека ги обожава Србија и Србите, а првпат беше во посета во Србија во 1992 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања