Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЕБОР го оцени БРТ со 70, на граница помеѓу добри и силни проекти, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
image-146319

Градоначалничката Данела Арсовска два месеци од мандатот освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани нема намера ништо да сработи, вели СДСМ.

— реклама —

„Европската банка за обнова и развој која ги одобри средствата за финансирање на Бас рапид транзит систем ги демантираше нејзините лаги со кои сака да го оправда стопирањето на проектот.

Од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучително и БРТ системот подлежат на детални проверки пред да бидат одобрени.

— реклама —

Бас рапид транзит проектот е разгледан од Европската банка за обнова и развој, а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, или на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.

Со стопирање на овој проект заради лични хирови, Арсовска нанесува штета на градот и на скопјани и директно го поткопува меѓународниот углед на Град Скопје.

Време е Арсовска да почне да работи наместо да врши груба партизација на јавните институции, да ги продолжи проектите оставени од Петре Шилегов, а кои се во насока на забрзан развој и напредок на градот.

Арсовска не ја доби довербата од граѓаните да поништува проекти и да нанесува штета туку да ги решава проблемите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања