Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕЦБ предупредува: Падот на цените на нафтата нема веднаш да ја намали инфлацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Свет
media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a
unsplash

Падот на цените на нафтата не е гаранција дека инфлацијата во еврозоната ќе се намали, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ). Од банката посочуваат дека претходното поскапување на енергенсите и понатаму може да се одразува врз трошоците на производството, платите и цените на стоките и услугите.

— реклама —

Главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн, објаснува дека поевтината нафта може да придонесе за намалување на вкупната инфлација, но последиците од претходниот раст на цените можат дополнително да ја зголемат базната инфлација.

— реклама —

Централната банка засега не дава сигнали кога би можело да следува намалување на каматните стапки. Одлуките ќе зависат од инфлациските движења, растот на платите и економската активност. На последниот состанок каматните стапки останаа непроменети, а депозитната стапка изнесува 2,5 проценти.

— реклама —

Во октомври годишната инфлација во еврозоната достигнала 4 проценти, додека во септември изнесувала 3,8 проценти. Во меѓувреме, растот на платите постепено забавува, што би можело да помогне во намалувањето на идните инфлациски притисоци.

— реклама —

ЕЦБ следниот пат ќе заседава на 17 декември 2026 година, кога повторно ќе ги разгледува економските показатели и можните насоки на монетарната политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1qgojuef76p53edU7A6

ЕЦБ најавува забрзување на растот на платите во еврозоната во 2027 година

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

Двајца поранешни гувернери во трка за наследник на Кристин Лагард на чело на ЕЦБ

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

ЕЦБ предупредува: Високиот јавен долг ја отежнува борбата против инфлацијата

Свет | пред 1 седмица

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Поскапи кредити и пад на профитот ги притискаат компаниите во еврозоната

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања