Дирекцијата за заштита и спасување ја започна новата 2022 година со непоправени противпожарни авиони. Иако договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L. беше потпишан лани во октомври, оттогаш до сега не е поправен ниту еден противпожарен авион. Еден од нив моментално се сервисира во Шпанија. Дирекцијата располага со три такви авиони, но ниту еден од нив не е моментално во функција, пишува Алсат.
„Процесот на поправка започна, еден од авионите е во Шпанија додека за другите два има динамичен план. Првиот авион е веќе таму и според сите проценки ќе се врати на крајот на февруари и ќе биде функционален за гаснење пожари“, соопшти Дирекцијата за заштитаа и спасување.
Сервисирањето на авионите ќе се врши во фази. За еден авион поправката ќе трае до 60 дена, по што ќе биде испорачан другиот. Ако првиот авион заврши во февруари, тогаш последниот авион треба да биде готов во јуни.
Целиот текст можете да го прочитате тука