Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал од Обвинителството да ги испита сите активности за јавните настапи на опозицијата за неодамнешната акција во која беа уапсени фалсификатори на патни исправи.
„Ако нудите документи и докази, а тоа не го правите во Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми за кои треба да се даде одговор. Ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата, тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено...Дел од документите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ се од институцијата МВР“, изјави Спасовски во Утрински брифинг.
Акцијата за апсење на фалсификаторите била планирана за реализација кога сите активности ќе биле подготвени со партнерите, но забрзана поради страв од саботажа. Во неа, како што вели Спасовски, биле уапсени и административци со повисок чин кои учествувале во изработка на нелегални патни исправи чија сума се движи и до 20.000 евра.
Извор и повеќе на темата на Слободенпечат.