Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон пилешки желудници, чиј увоз и употреба се забранети, како и 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени, се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Охрид и Струга.

— реклама —

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека против две месарници што не ја почитувале забраната за увоз и употреба на пилешки желудници за човечка исхрана, како и за нивна употреба во производството на месни подготовки и производи, се преземени соодветни прекршочни мерки.

— реклама —

Контролите се дел од засилените активности на АХВ насочени кон спречување на незаконските активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на криминалот и заштита на здравјето на потрошувачите.

Забраната за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана АХВ ја донесе во јули 2024 година, поради потенцијалните ризици по здравјето на луѓето. Меѓу нив се можноста за контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуството на токсини.

— реклама —

Од Агенцијата посочуваат дека одлуката била донесена врз основа на спроведена анализа на ризиците од консумирање на овој вид внатрешни органи од живина, како и на резултатите од инспекциските контроли.

— реклама —

При претходните контроли биле утврдени злоупотреби и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии, поради што била воведена забраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања