Единствена Македонија ќе го подржи протестот на 25 април за слобода на уставобранителите осудени со лажен заштитен сведок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
janko-bacev

Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да го подржи Семакедонскиот народен протест што ќе се одржи на 25 април за слобода на осудените лица за настаните од 27 април 2017 година. Собирот ќе биде без бини и говорници, само народот за подршка на неправедно осудените уставобранители со лажен заштитен сведок, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на уставобранителите кои се фрлени во затворските зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината. А што може да се очекува од една партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

— реклама —

За таа цел, Единствена Македонија поднесе во Собранието Предлог - закон за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието, по скратена постапка, што го утврди на седницата на Извршниот комитет на Единствена Македонија, одржана на 13.02.2021 година. Но за жал, законот сеуште е закочен во собраниските фиоки и Македонија останува единствената држава во Европа кој во моментот има политички затвореници.

Извршниот комитет ја разгледа и политичко-економската и здравствената состојба во државата и притоа беше заклучено дека во Македонија владее безаконите, криминал корупција, непотизам, отсуство на институционален капацитет за справување со здравстената криза во која бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

Во услови кога целата држава е во заложништво, потребно е час поскоро паѓање на марионетската влада и доаѓање на нова народна власт која ќе ја врати државата назад.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања