Насилството не треба да се игнорира. Осветлување на Владата на РМ во портокалова боја, дебати и работилници низ цела Македонија, ќе бидат дел од активностите по повод 25 Ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и кампањата „16 дена активизам”. „Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки почнува денеска и ќе трае до 10 декември.
Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство. Поради тоа, целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките. Бројните светски медиуми јавуваат дека фамилијарната куќа е најсмртоносното место за жените. Статистиките покажуваат дека во регионот убиените жени спрема бројот на жители е значително поголем отколку во западните земји како Германија или Австрија, а посебно во Шпанија која што во изминатите години сериозно го смени законот за оваа област.
Според психолозите кои ја обработуваат оваа проблематика на жена кренале раце луѓе од сите слоеви во општеството, кои настапуваат изолирано, и дека истите треба да одат да се лекуваат односно да одат на терапија. Тие се луѓе кои се љубоморни, немаат доверба во партнерот, или, пак, имаат проблеми надвор од домот, па својот бес го искажуваат врз своето семејство.
Пред неколку недели во Македонија имаше неколку случаи на напад врз жени во тетовско. Истите беа пријавени во полиција, која работи на расчистување на случајот.