Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Едногласно донесени сите одлуки на седница на Советот на Oпштина Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
sovet-kisela-voda

Денес, едногласно беа донесени сите одлуки на четириесет и петтата пленарна седница на Советот на Oпштина Кисела Вода. Со гласањето ЗА, се овозможи ребаланс на Буџетот за 2024 година, односно се обезбедија средства во износ од 140.954.076,00 денари за капитални проекти од повикот на Владата.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите советници за покажаното единство, нивната поддршка и конструктивен пристап за доброто на граѓаните и иднината на општина Кисела Вода.

— реклама —

-Би сакал искрено да им се заблагодарам на сите советници од Советот на Општината за покажаното единство и конструктивност, што резултираше со едногласно донесување на сите одлуки. Овој пристап не само што ја потврдува нашата посветеност кон интересите на граѓаните, туку и овозможува нашите проекти брзо и ефикасно да станат реалност.

— реклама —

Со ребалансот на Буџетот кој го усвоивме, ќе можеме да обезбедиме значајни инвестиции во инфраструктурата – изградба и реконструкција на патишта, уредување на јавни простори и обезбедување модерни и безбедни училишта и градинки за нашите деца. Нашата заедничка работа ќе донесе видливи промени што ќе го подобрат квалитетот на живот за секој жител на општината. Да потсетам дека вчера беа склучени два договори со Министерството за транспорт и врски и еден договор со Министерството за животна средина и просторно планирање. За само еден ден од потпишувањето на овие договори, општина Кисела Вода е првата општина која веднаш ги вклучи во нашиот Буџет со цел да не се изгуби дополнително време при реализација на истите. Согласно динамиката и времето во кое ги добивме овие средства, се предвидува да бидат завршени во 2025 година, а истите денеска беа изгласани како развојни програми на општината и тоа:

-Реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на улица "Ѓорѓи Димитров"

-Реконструкција (рехабилитација) на коловоз изработка на тротоар за патот кон манастир "Пеленица’’

— реклама —

-Проект за Уредување и изведба на потпорни ѕидови на речно корито на реката Мала Рада ’’ Дополнително обезбедена е донација во ООУ "Невена Георгиева Дуња" преку програмата Еразмус.

Обезбедени се и средства кои Министерството за образование не ги имаше исплатено кон училиштето ЦОУ "Рајко Жинзифов" за изградба на спортска сала, за која МОН во сите овие години не ги испочитува обврските. За потсетување, овој договор е од 2016 година. Претходно во договор со Министерството за Спорт обезбедивме финансирање на салата "Расадник" со средства на министерството со што ослободивме средства од Буџетот на општина Кисела Вода за 2025 година.

— реклама —

Обезбедивме финансии и за реновирање на градинки на територија на општина Кисела Вода, како и дополнителни средства за набавка на опрема во основните училишта. Со ребалансот на Буџетот обезбедивме и средства за непречена реализација на планираните проекти и тековни трошоци за непречено функционирање на општина Кисела Вода, а дополнително скративме непродуктивни трошоци што стана практика на општина Кисела Вода во изминатите три години.

Остануваме посветени на соработката и единството заради поголеми цели, а тоа се развој и напредок на нашата општина. Со ваква поддршка, сигурен сум дека ќе ги реализираме сите поставени планови за подобро утре, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb2np43r8lnee7DpQxee

Инвеститорот по пожарот во Кисела Вода: Каблите не се дел од нашата инсталација, бараме независна истрага

Настани | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryb2np43r8lnee7DpQxee

(Видео) „Се тропаше по вратите, сите бегаа надвор“: Драма во Кисела Вода по пожарот пред нова станбена зграда од електрична инсталација

Настани | пред 2 седмици

media-librarygbr860nofcq62IbK40V

(Фото) Огромна дупка на улица во Кисела Вода, граѓаните поставија картонска кутија како предупредување

Скопје | пред 1 месец

media-librarykiu3nc592m9f0KEOFvD

Утринска вознемиреност во Припор: Жителите реагираат на социјалните мрежи за глутница кучиња

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања