Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Едногодишно дете во Црна Гора починало откако татко му го удрил со автомобил; тој тврдел дека паднало од покрив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
crna-gora-policija

Трагичен случај ја потресе црногорската јавност, откако полицијата во Беране го уапси 22-годишниот А. И., осомничен дека со автомобил го удрил своето едногодишно дете, кое починало од здобиените повреди, а потоа пред истражителите прикажал поинаква верзија за трагедијата.

— реклама —

Полицијата била известена откако детето било донесено во здравствена установа. Таткото пред полициските службеници изјавил дека детето паднало од покривот на помошен монтажен објект.

За случајот веднаш биле известени надлежните обвинители, а телото на детето било испратено во Клиничкиот центар на Црна Гора за обдукција.

— реклама —

Во текот на деталниот увид на местото на настанот и истрагата што траела цела ноќ, инспекторите се посомневале во исказот на таткото. Дополнителните проверки, според полицијата, покажале поинаква слика за трагичниот настан.

— реклама —

„Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција.

Местото на несреќата било детално обработено, додека автомобилот бил привремено одземен за потребите на понатамошните вештачења.

— реклама —

По наредба на вршителот на должноста обвинител во Основното државно обвинителство во Беране, 22-годишникот е лишен од слобода под сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora

До 18.000 работници би можеле да останат без работа, а цените да пораснат до 40 отсто во Црна Гора

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryh0kmi121734b5bc33Gp

Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е фер Црна Гора да ги решава споровите само според желбите на Хрватска

Балкан | пред 6 дена

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 1 седмица

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања