„Еко свест“ бара итен нов Закон за природа: Постојниот е застарен и нештитен за природните богатства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
sar-planina-2

„Еко свест“, заедно со уште 14 граѓански еколошки организации побара од новиот министер за животна средина Муамет Хоџа итно да се донесе нов закон за природа. Во писмото упатено до министерот, граѓанските организации го потенцираат проблемот со неефикасните механизми за заштита на природата и притисокот од инфраструктурните и другите развојни проекти врз природните предели и вредности и нагласуваат дека прашањето за заштитата на природата не се третира како приоритет во државата.

— реклама —

„Природата секогаш била предмет на уништување на сметка на профитот и инвестициите. Сведоци сме дека граѓаните сѐѐ почесто се принудени самостојно да се обидуваат да спречат штетни проекти во нивната средина, бидејќи постојните механизми на актуелниот закон не успеваат навремено да ги идентификуваат или спречат штетите врз природата. На ова значително придонесуваат несоодветните законски решенија, кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен“, велат од „Еко свест“ и посочуваат дека голем број законски и подзаконски одредби во доменот на заштитата на животната средина се во судир поради дисперзираноста на институтциите надлежни да постапуваат во оваа област.

— реклама —

Граѓанските организации потсетуваат дека измени на Законот за заштита на природата беа направени уште во 2018 година, тие никогаш не беа усвоени. Во меѓувреме, во европското законодавство се усвоија нови Директиви и се променија практиките на управување со ресурсите кои се директно поврзани со Законот за заштита на природата. Заради тоа неопходно е донесување на нов Закон за природата, кој согласно европските практики ќе претставува конзистентен систем на процедури, решенија и мерки кои несомнено ќе ги подобрат затекнатите услови во областа на заштита на природата.
„Новиот Закон за природа е приоритет поради неопходноста за заштита на реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните, нашата природа е светско наследство, а нејзината заштита е одговорност кон нас и кон помладите и земјата. Секое одложување на новиот закон за природа придонесува кон уназадување на природата, која веќе е во загрозувачка состојба“, посочуваат екологистите.
Природата во Македонија се соочува со системски предизвици кои директно ја загрозуваат биолошката разновидност и опстанокот на нашите највредни природни подрачја. Без итна и сеопфатна реформа, ќе продолжи деградацијата и трајното губење на природните ресурси од кои зависиме сите ние. Постојниот Закон за заштита на природата е застарен, нефункционален и не обезбедува соодветна, долгорочна заштита и управување со нашите природни богатства.
Недостасуваат јасни забрани, нема конкретно наведени забранети активности и забрана за изградба на инфраструктурни проекти во заштитените подрачја, оставајќи ги ранливи на штетни интервенции и развој на инфраструктурни проекти, има политизација на управувањето, а директорите на националните паркови се политички функции, а не стручни кадри, што го поткопува професионалното управување.

— реклама —

Организациите посочуваат и дека во институциите за заштита на природата и управувачките структури на заштитените подрачја нема доволно стручни кадри како биолози, еколози, хидролози и други, а нема ниту научно тело, Завод за заштита на природата, кое би вршело оценка, следење и институционална координација. Недостасуваат и инспектори за спроведување инспекциски надзор врз природата, а царинските и полициските службеници се недоволно подготвени. Ренџерските служби во заштитените подрачја немаат соодветни овластувања и не постои добра меѓусекторска соработка.
Управителите на заштитени подрачја немаат соодветни капацитети и ресурси да обезбедат ефикасна заштита, што резултира со губење на најголемите природни вредности поради нивно искористување за економски цели, а заштитените подрачја немаат системско финансирање од државниот буџет.

Слабостите на постојниот закон дозволуваат подрачја кои треба да бидат заштитени според закон, не се прогласуваат, а прогласените подрачја не се активно заштитени поради непостоење на Планови за управување и соодветен кадар. Биолошката разновидност нема висок степен на заштита и сè уште не е приоритет во државните политики. Недостасуваат и студии за причините за загуба на биолошката разновидност, и веродостојни, систематизирани и отворени податоци за дивиот свет, а значајните видови како мечката, рисот и волкот немаат соодветна заштита преку национални акциски планови.

„Бараме итна акција од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, итно донесување на нов Закон за природа, кој ќе одговори на тековните потреби и долгорочно ќе обезбеди заштита. Со новиот Закон да се предвидат забранети активности за секоја категорија заштитено подрачје. Мора да воведе членови со кои ќе се забранат геолошки истражувања, експлоатација на минерални суровини и изградба на хидроелектрани во заштитените подрачја и ќе воспостави Завод за заштита на природа“, велат од Еко свест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања