„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Еко-свест ја повикa Владата да се префрли кон порационален систем за поддршка на енергијата од обновливи извори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
47a9b474c83f801771eeb44922c0e255_w790

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оваа недела ја повика Владата да престане со субвенционирање на нови електрични централи од обновливи извори преку системот на исплаќање загарантирани повластени тарифи и да се насочи кон систем што ќе ја поттикне конкуренцијата и ќе донесе пониски цени за крајните потрошувачи.

— реклама —

Повикот доаѓа откако Владата најави нова Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија што го продолжува системот на доделување повластени тарифи без тендерска постапка со аукција.

Намерата да се продолжи со исплаќање загарантирани тарифи на новите електрични централи по системот прв дојден – прв услужен е во конфликт со ЕУ правилата кои предвидуваат движење кон поконкурентни и пазарно ориентирани програми за поддршка што вклучуваат тендерска постапка со аукција за сите освен најмалите електрични централи со цел да се намали цената на електричната енергија.

— реклама —

Новата драфт Уредба воведува тендерска постапка со аукција за поголемите електрични централи на ветер и соларна енергија, но ги задржува повластените тарифи за хидроелектрични централи до 10 MW, ветерни централи до 50 MW и централи на биомаса и биогас до 1 MW.

-Добро насочени повластени тарифи можат да бидат соодветни за првите неколку години развој на пазарот на обновлива енергија, но во Македонија послужија да направат експлозија од штетни хидроелектрични централи кои направија сериозна штета на реки како Тресонечка во НП Маврово и Брајчинска во НП Пелистер. Ова е особено неприфатливо ако се земе предвид малиот придонес кон производството на енергија од малите хидроелектрични централи и мора да престане, изјави Давор Пехчевски од Еко-свест.

Дополнително, како што посочи Невена Смилевска од Еко-свест употребата на повластени тарифи може да предизвика зголемени трошоци за потрошувачите и да предизвика реакција против финансиската поддршка на обновливата енергија. Дополни дека енергетски ефикасна економија базирана на обновливи извори на енергија е императив за да се ограничат климатските промени и да се спречат здравствените и еколошките влијанија на традиционалните извори на енергија, затоа што како што рече таа не можеме да си дозволиме да го свртиме јавното мислење против нејзиниот развој.

-Технологиите што не се нови не треба финансиски да се поддржуваат. Соларната и ветерната енергија како технологии што сѐ уште се развиваат и чија цена сѐ уште се намалува се единствени технологии кои што треба да се земат предвид за финансиска поддршка во наредниот период. Финансиската поддршка за енергетската ефикасност е исто така исклучително важна за да се намалат трошоците на домаќинствата и влијанието врз животната средина од производството на енергија, продолжи таа.

Македонија е обврзана да се усогласува со европското законодавство за конкуренција во рамки на Спогодбата на Енергетската заедница и Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и добива поддршка од Европската банка за обнова и развој и УСАИД за да го промени системот за финансиска поддршка на обновливи извори на енергија.

Еко-свест исто така повикa за јавна расправа за новите подзаконски акти од Законот за енергетика заради нивното влијание врз заштитата на животната средина и врз трошоците на домаќинствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања