Еко-свест против Бошков Мост: Изградбата ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на Балканскиот рис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library644npuqi4dks9Lrxmkt

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Скопје испрати отворено писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Писмото ви го пренесуваме во целост:

— реклама —

Со огромна загриженост ја примивме Вашата неодамнешна најава за можно реактивирање на проектот за хидроцентралата „Бошков мост“. Како граѓани и заштитници на природното наследство, должни сме да Ве потсетиме дека овој проект е во спротивност со националните закони, меѓународните обврски и современите еколошки стандарди и претставува директен и сериозен ризик за интегритетот на Националниот парк Маврово.

— реклама —

Проектот „Бошков мост“ произлегува од застарен концепт кој одамна ја загуби својата легитимност поради следниве клучни причини:

1. Прекршување на меѓународните обврски (Бернска конвенција)

Република Македонија како потписник на Бернската конвенција има обврска да ги почитува препораките на Комитетот за зачувување на дивите видови и живеалишта. Во случајот со Маврово, Комитетот уште во 2015 година укажа дека изградбата на „Бошков мост“ директно ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на Балканскиот рис, критично загрозен вид кој го има своето последно прибежиште токму на оваа локација. Комитетот јасно повика на стопирање на сите хидроенергетски проекти во рамки на паркот. Дополнително, Бернскиот комитет во 2025 година констатираше дека не е постигнат значаен напредок во исполнувањето на препораките, вклучувајќи го и откажувањето на сите концесии и итното репрогласување на паркот согласно меѓународните стандарди.

2. Економска неисплатливост и неодржливост

Студиите на независни експерти и меѓународните финансиски институции веќе покажаа дека овој проект е економски неоправдан. Трошоците за изградба, во споредба со минималното производство на електрична енергија и огромната штета врз екосистемот, го прават проектот чиста загуба. Во време кога соларната и ветерната енергија се поефикасни и поекономични, инвестицијата „Бошков мост“ би значела чекор назад во енергетската политика.

Земајќи ги предвид овие факти, до Владата упативаме конкретни барања:

 Итно спроведување на препораките на Бернската конвенција и отфрлање на сите планови за хидроенергија во заштитените подрачја, и

 Итно репрогласување на НП Маврово, кое ќе оневозможи идна деградација на паркот.

Долгогодишното одложување на репрогласувањето на Националниот парк Маврово создаде правна празнина, која директно овозможува реализација на штетни инфраструктурни и градежни проекти во срцето на паркот. Наместо исклучок, ваквите интервенции станаа практика што постепено го разградува интегритетот на едно од највредните природни подрачја во државата. Репрогласувањето на Маврово не е административна формалност, туку единствениот механизам за воспоставување јасна, обврзувачка рамка за заштита, усогласена со IUCN стандардите и меѓународните обврски на државата. Само со нов закон за НП Маврово може конечно да се стави крај на практиката на ад-хок одлуки, притисоци и проекти кои го жртвуваат јавниот интерес и природното наследство за краткорочни цели.

Истовремено, репрогласувањето ќе воспостави рамка за одржлив развој и економска сигурност на локалното население, преку поддршката на одржлив туризам, традиционални дејности и зелени економски активности.

Секое понатамошно одложување на репрогласувањето значи продолжување на деградацијата на Маврово и преземање свесен ризик за едно од највредните природни подрачја во државата.

Почитуван Претседателе на Владата, Ве повикуваме да покажете лидерство базирано на наука и јавен интерес, а не од застарени енергетски политики и идеи. Природата на Република Македонија не е ресурс за краткорочен профит, туку наследство кое сме должни да го зачуваме за идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања