Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи го објави извештајот на комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување.
„Комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување го достави извештајот за спроведената проверка со следниот заклучок:
Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат.
Извештајот е поткрепен со фотографии.
По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба.
Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе и ги преставиме утврдените разлики.
Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината" - напиша Стефковски