Ексклозија од заразени се случи додека Филипче одмараше на плажи во Грција, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce

Додека министерот за здравство Венко Филипче со недели одмараше на плажите во Грција, во Македонија се случува експолозија на четвртиот бран од Ковид пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Наведуваат дека само за 24 часа во земјата има нови 792 нови потврдени случаи и 10 починати, а тоа се должи на целосното олабавување на мерките и немањето контрола на граничните премини.

— реклама —

„Најнеспособниот министер за здравство Филипче пред само неколку недели, пред да замине на одмор, спектакуларно најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата. Кажа и замина на одмор. Целосно ги олабави мерките, без никакви контроли на граничните премини, Македонија за 10 дена повторно стана жариште од корона пандемијата. На врвот сме на сите листи по процент од заразени и починати. Целосно дезорентиран, од грчките плажи донесе нови фашистички мерки кои не кореспондираат со моменталната ситуација. Овие нови мерки ги делат граѓаните и немаат никаква логика. Но на Филипче не му е гајле за здравјето и животот на граѓаните, па за тоа побрза како потписник до Собранието да го поднесе законот за марихуана со европско знаменце. Ете толку од грижата на Филипче. Најбитно му беше да му се покори на криминалецот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Опозицијата обвинува дека премиерот Заев и министерот Филипче ја водат државата кон сигурна пропаст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања