Ќе добие ли Македонија своја „Ула“ да не управува ? !
Владата на Република Македонија наскоро ќе добие двајца советници од Германија кои ќе дојдат официјално да ја средуваат економијата во државата - ексклузивно дознава Скопје1.мк од извори во СДСМ.
Како што брифираат нашите извори, Германија веќе ги одредила кадрите кои ќе ги прати во земјава, а кои официјално ќе имаат статус на советници за економија на Премиерот Зоран Заев.
Извори од СДСМ кои се добро упатени во процесите кои следуваат, за „Скопје1.мк“ брифираат дека ова е само почеток на ангажирање на странци кои ќе дојдат во земјава да помогнат во функционирањето на системот и државата која со децении не успеа да профункционира.
По ова се најавува дека ќе следуваат ангажмани на странци во најголемите државни јавни претпријатија, советници ќе дојдат во речиси сите делови на државниот апарат и трите столба на власта.
Ула е измислен лик од серијата „Преспав“ која управува со хотелот „Преспав“ и е Германка која постојано се труди на сите да им објасни дека мора да се работи по Закон.
