„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ ќе го продава партиското седиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за продажба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, која се наоѓа во центарот на Скопје. Партијата, по продажбата ќе се сели во ново седиште, дознава „Скопје 1“ од високи извори на партијата. Седиштето на партијата се градеше од 2013 до 2015 година. Врз основа на проценката која ја извршил овластен проценител додека седиштето било во фаза на изградба, е утврдено дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500 000 евра.

— реклама —

„Се размислува во тој правец и тоа стои како идеја. Доколку добиеме адекватна понуда ќе склучиме договор за продажба. Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме простории далеку поскромни од постоечките кои ќе бидат ново седиште на партијата, а другиот дел ќе ги донираме во различни хуманитарни цели. Како опција стои пари да дадеме за реновирање на училиштето во Тетово, за кое Владата на СДСМ вети дека ќе го реновира но тоа не го направи. Ако го продадеме седиштето на партијата и ако се согласи тамошната локална власт, сигурно ќе го реновираме тоа училиште. Значи потврдуваме дека стои таа опција да го продадеме објектот“, брифираат високи партиски извори од врвот на ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1“ кои додаваат дека пазарната вредност на партиското седиште е многу помала од тоа што се шпекулира.

— реклама —

„Белата палата“ Христо Татарчев ставена под хипотека. ВМРО-ДПМНЕ го заложили партиското седиште само неколку дена пред парламентарните избори во 2017 година. Палатата е задолжена во Комерцијална банка, а партијата добила кредит од 3 милиони евра. Според објавата во Службен весник, се работи за рамковен риволвинг кредит, што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите.

Сите права се задржани. Не е дозволено превземање на веста во целина или делови без претходна писмена согласност од издавачот на „Скопје1“. Секое неовластено преземање во друг медиум (печатен, електронски, традиционален), „Скопје1“, објавува дека чини 35.000  денари без ДДВ по едно објавување. 

СПОНЗОРИРАНА ОБЈАВА

PAAzinFYOCU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања