Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ексклузвини преговори во Флорида: Се преговара за две најтешки прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryebo4t2575nt84CVqsEz

Во ексклузивниот приватен клуб „Шел Беј“ на југот на Флорида, во сопственост на Стив Виткоф, претставници на Вашингтон и Киев одржаа тајна средба за време на која беа послужени украински борш (традиционално руско-украинско јадење) и холупци – дипломатски гест што се толкува како сигнал дека САД се обидуваат да ја придвижат Украинa кон компромис во мировните разговори со Русија. Извор со непосреден увид во средбата, на која присуствувале државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, за СиЕнЕн изјавил дека станува збор за „исчекор напред“ и „надградба“ на првата рунда преговори што минатата недела се одржа во Женева. Но, и покрај напредокот, изворот предупредува дека многу чувствителни точки остануваат отворени и дека преговорите се далеку од финална фаза.

— реклама —
— реклама —

Една од најконтроверзните точки е уставната определба на Украина за членство во НАТО, што Москва го бара како откажување, а Киев тврдo го одбива. Според изворот, преговарачите разгледувале можност Украина формално да не се откаже од евроатлантскиот курс, но де факто да биде блокиран патот кон НАТО преку двострани или повеќестрани договори меѓу Русија и одделни членки на Алијансата. Такво решение би било исклучително непопуларно во повеќе европски земји, а конечната одлука би ја имал претседателот Зеленски. Разговорите, сепак, покажуваат дека се бараат „креативни модели“ кои би ја заобиколиле украинската црвена линија, а истовремено би создадале простор за дипломатски напредок.

— реклама —

Уште потешка точка е барањето на Кремљ, Украина да се откаже од делови од Донбас – територии што Русија ги анектираше, но не ги контролира целосно. Американскиот предлог предвидувал тие области да станат руска демилитаризирана зона без право на стационирање руски воени сили, но тоа решение Киев го смета за сериозно слабеење на сопствената одбрана. Изворот потврдува дека преговорите се движат и во врска со ова прашање, но не открива детали: „Ако стане јавно, може да се уништи можниот договор.“

— реклама —

Додека Вашингтон и Киев бараат компромисни формули, најголемиот предизвик допрва следи – дали Москва ќе прифати нешто што отстапува од нејзините максималистички позиции. Кремљ досега не покажал подготвеност да се откаже од целта Украина да биде политички и стратешки подредена. Затоа, дипломатите предупредуваат дека иако се отвораат можности за украински чекори кон компромис, вистинскиот тест ќе биде руската реакција. Средбата во Флорида, иако обвиена со дискретност и симболика, го потврдува единственото нешто околу кое сите страни се согласни: мировниот договор нема да биде можен без болни одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytqi3d5nt578deLl7Z8X

(Видео) Украина тврди дека погодила уште 12 руски танкери во Азовското Море

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryd7nctno5unc14nqdPPB

Русија го забрани извозот на дизел по украинските напади врз рафинериите

Свет | пред 1 ден

media-libraryhusjvlqh1gkn5WZBttL

Киев тврди дека со операцијата „Ашан“ сериозно ја ослабнал руската армија

Свет | пред 2 дена

media-library5bqp92u98vdq9lDfBhK

(Видео) Украински напад врз руските танкери со гориво: Продолжува битката за снабдување на Крим

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања