Промени тема
Контакт

Експедиција во пештерата Врело во кањонот Матка: целта е да се надмине рекордот од 287 метри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
matka-1

Во подводната пештера Врело, во кањонот Матка, се спроведува нова спелеонуркачка експедиција со амбиција да го надмине досегашниот рекорд од 287 метри и да истражи длабочини од 300 метри или повеќе. Станува збор за еден од најдлабоките подводни пештерски системи во Европа и во светот.

— реклама —

Од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ информираат дека експедицијата се одржува од 10 до 17 октомври, со цел продолжување на истражувањата во подводниот систем на пештерата.

Врело досега било предмет на повеќе значајни истражувања. Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигнал длабочина од 212 метри, а полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски истражил до 242 метри. Во 2025 година, полскиот нуркач Бартломиеј Питала и неговиот тим стигнале до 287 метри.

— реклама —

Со тој резултат, пештерата Врело во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот. Пред неа се Фонт Естрамар во Франција, со длабочина од 312 метри, и Елефанте Бјанко во Италија, каде што се достигнати 292 метри.

— реклама —

Експедицијата „Врело 2026“ се реализира под генерално покровителство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

На терен поддршка обезбедуваат припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи. Во приправност се и хеликоптерската единица на МВР, службите за итна медицинска помош и Црвениот крст.

Во подготовките за експедицијата учествувале и единици на Генералштабот на Армијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања