Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски им честиташе на нуркачите за историскиот подвиг во пештерата Врело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8elij499rd8h2sPUedJ

Пештерата Врело во Матка достигна нов историски успех, откако полскиот нуркач Бартломиеј Питала, со поддршка на тим нуркачи, се спушти до длабочина од 338 метри. Со ова достигнување, Скопје добива дополнителна можност да се афирмира на светската мапа на пештерското нуркање.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го поздрави подвигот, истакнувајќи дека станува збор за резултат што носи гордост за градот и за Македонија.

— реклама —

Истражувањето траело девет часа, а зад успехот стојат храброста, знаењето и истрајноста на нуркачите од Македонија и Полска, како и на членовите на спелеонуркачкиот клуб „Врело“.

— реклама —

Ѓорѓиевски им честиташе на Питала, на клубот и на сите учесници во истражувањето, нагласувајќи дека ваквите подвизи заслужуваат силна и постојана поддршка.

Тој најави дека Град Скопје, преку програмата на Секторот за локален економски развој, ќе продолжи да ја поддржува работата на клубот „Врело“ и подводните истражувања.

— реклама —

Според градоначалникот, достигнувањето отвора нови можности за промоција на Скопје и привлекување посетители од целиот свет. Тој посочи дека Матка е природно богатство што треба внимателно да се чува и достоинствено да му се претстави на светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

matka-1

Експедиција во пештерата Врело во кањонот Матка: целта е да се надмине рекордот од 287 метри

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања