Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Експертската поддршка од МОТ и нивното учество во новиот Закон за работни односи е од големо значење, вели Тренчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MOT_27_content

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски.

— реклама —

На средбата, министерката Тренчевска зборуваше за приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, кои се поврзани со заштитата и почитувањето на работничките права и се дел од Програмата за работа на Владата, како и значењето на социјалниот дијалог во општеството.

„Експертската и техничка подршка и помош од Меѓународната организација на трудот и нивното учество во креирањето на законските решенија е од големо значење за нас. Особено сакам да ја истакнам соработката на новиот Закон за работни односи, како и останатите стратешки документи кои се однесуваат на политики и прашања од областа на трудот,“ рече Тренчевска.

— реклама —

Националниот координатор, Емил Крстановски се осврна на досегашната соработка и поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ја нагласи важноста на членувањето во оваа организација за воспоставување на современи стандарди на трудот, кои се и треба да бидат дел од националното законодавство. Како идни активности ги посочи подготовката на новиот план за имплементација на младинската гаранција и подготовка на новата Програма за пристојна работа 2023- 2027 година.

— реклама —

Двете страни го потенцираа значењето на Економско - социјалниот совет, како трипартитно советодавно тело на национално ниво, но и понатамошен развој на локалните економско - социјални совети и поддршката во ратификувањето на конвенциите усвоени од Меѓународната организација на трудот.

На крајот на средбата министерката за труд и социјална политика и националниот координатор на МОТ, изразија подготвеност за понатамошна плодна соработка во интерес на сите засегнати страни во општеството.

— реклама —

Меѓународната организација на трудот е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите Нации основана во 1919 година. Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави-членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања