Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Експлозии кај иранскиот остров Харг: Се тврди дека е погоден танкер, Иран ги обвини САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library09fbn3mn6tqk0Y2DEfk
Илустрација

Неколку експлозии одекнале утрово во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот Залив, еден од клучните центри за извоз на иранска нафта. Засега нема официјална потврда за причината за експлозиите, но ирански медиуми известуваат дека во близина на островот бил погоден нафтен танкер и ги обвинуваат САД за нападот.

— реклама —

Според агенцијата Фарс, потеклото на експлозиите засега не е познато. Иранската Студентска новинска мрежа, пак, објавила дека танкерот бил цел на напад и дека зад него стоеле американските сили. Засега нема информации за жртви.

— реклама —

Островот Харг има огромно стратешко значење за Иран бидејќи таму се наоѓа главниот терминал за извоз на нафта во земјата. Токму поради неговата важност, островот во изминатиот период беше во центарот на заканите и предупредувањата поврзани со конфликтот меѓу САД и Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 31 август објави снимка генерирана со вештачка интелигенција на која се прикажува напад врз Харг, проследена со порака дека островот е „разнесен на парчиња“. Сепак, американски претставник тогаш појасни дека не станувало збор за објава на веќе извршен напад врз островот.

— реклама —

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека објавата на Трамп била порака до Иран, а не најава за воена операција против Харг. Во меѓувреме, САД веќе извршија потврдени напади врз цели на иранскиот остров Ларак во Ормускиот Теснец.

Засега нема независна потврда дека американските сили стојат зад најновите експлозии кај Харг, ниту се познати сите детали за наводниот напад врз танкерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања