Во експлозија што се случила утрово пред црква во Атина повредени се две лица, од кои едниот е полицаец, јави државната телевизија ТВ ЕРТ. Рачната бомба била ставена во метална кутија, пред црква во луксузниот кварт Колонаки во центарот на Атина.
Експлозијата се случила додека полицацецот набљудувал еден „сомнителен“ пакет оставен пред црквата „Свети Дионисиј“, на една од главните улици во квартот Колонаки.
Досега никој не преземал одговорност за нападот, а полицијата смета дека тоа може да биде дело на ултралевичарски или анархистички движења.