Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Експресно ќе тече постапката за екстрадиција на Палчо; Министерот Лога: Со почетокот на работното време почнува постапката

објавено пред 2 години -

Македонија
loga

Нема да се одолговлекува, туку ќе се забрза постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда, Кренар Лога за „Скопје1“ посочува дека веќе изутрина, службите ќе работат на овој случај.

„Од почетокот на работното време, ќе ја започнеме соодветната постапка. Уште вечерва контактиравме со вработените во одделението“, посочува Лога за „Скопје1“.

— реклама —

Постапката тече така што Министерството за внатрешни работи известува дека лицето е лоцирано, се комплетира документација, се преведуваат на јазикот каде е избегано лицето (турски), па се доставуваат. Документацијата ја доставува министерот.

Потребни се и следниве документи: (1) Барањето за екстрадиција ги содржи податоците од членот 16 на овој закон, а кон барањето се приложуваат: 1) податоци за утврдување на идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара (опис, фотографија, отпечатоци од прсти и слично); 2) уверение или други податоци за државјанство; 3) обвинение, пресуда или одлука за притвор или на некој друг акт со исто правно дејствие, во оригинал или заверен препис во кој треба да биде назначено името и презимето на лицето чијашто екстрадиција се бара; 4) опис на делото, законскиот назив на кривичното дело и докази за основано сомневање и 5) препис од одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија кој треба да се примени или е применет спрема лицето чијашто екстрадиција се бара, а ако делото е сторено на територијата на трета држава, тогаш е потребен и препис од одредби на Кривичниот законик на таа држава. (2) Барањето за екстрадиција Министерството го доставува до надлежниот домашен правосуден орган, со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

— реклама —

Инаку, Палчо е уапсен денеска во Турција.

— реклама —

Screenshot-2023-12-04-at-22.33.09

Фатен е Љупчо Палевски-Палчо, осомничен дека пукал во Панче и Вања

Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, дознава „Скопје1“. Тој бил задржан на граница, по распишаната меѓународна потерница.Засега се знае неговата траекторија на движење која е Скопје-Белград-Турција.МВР закажа прес-конференција за во 22-30 часот.Повеќе детали подоцна.

Македонија | пред 2 години

— реклама —

Нема фотографија

(Видео) Спасовски потврди дека Палчо е уапсен, но и дека бил креатор, организатор и извршител на убството на Вања

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Паловски-Палчо е фатен во Турција. Спасовски го опиша како креатор, организатор и извршител. Тој додаде дека Палчо бил на „црвена листа“, а информациите се добиени преку оперативни сознанија.„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.Тој посочи дека и кривичната пријав

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања